ФЛОРИАН повторно во Велес

ImageИнструкторите за противпожарна заштита од Обединетото Кралство, по втор пат во велешката Територијална противпожарна единица спроведуваат стручна обука. Втората фаза на проектот Флориан кој започна да се спроведува минатата година започна на 11-ти и ќе трае до 22 мај. 16 пожарникари од Велес и Свети Николе се вклучени во програмата која истовремено се спроведува и во други општини во Македонија.

Целта на проектот е да се зајакнат вештините и капацитетите на пожарникарите и да се достигнат повисоки стандарди на овој план. На почетокот од својата работа во Велес, инструкторите предводени од Регионалниот координатор на проектот Тони Џонс остварија средба со градоначалникот Горан Петров на која беа разменети мислења околу тековните и планираните активности.
 
ImageImage
 
(11.05.2009)