Мировен корпус во Велес

ImageДелегација на Мировниот корпус  вчера оствари работна средба со градоначалникот на Општина Велес, господинот Горан Петров. Делегацијата беше предводена од в.д. директорот на Мировниот корпус во Македонија, господинот  Мајкл Радман. Средбата беше во функција на продолжување на соработката што Општина Велес ја има со Мировниот корпус во Македонија, континуирано од 2004 година.

Во периодот од 2004 до 2007 година, Канцеларијата на Мировниот корпус беше во Велес, а взаемната соработка се одвиваше на задоволство на двете страни.

Од 2008 година,  Мировниоот корпус  е со седиште во Куманово, но добрата соработка со Општина Велес продолжува. Велешани им ги  отворија своите домови на доброволците, некои од нив нераскинливо се врзаа со Велес.  Волонтерите на Мировниот корпус се добредојдени  и во институциите и здруженијата на граѓани, каде своето искуство и стекнати вештини активно ги пренесуваат на велешани.

И годинава  Велес ќе ја пречека новата генерација доброволци  кои ќе бидат сместени во дом-семејства.
 
(11.05.2009)