Велешките матуранти по втор пат за Гинис

Image144 велешки матуранти им се придружија на своите врсници од 66 градови, од 8 европски земји во битката по втор пат да влезат во Гинисовата книга на рекорди во истовремено танцување на Кадрил од операта „Лилјакот“ на Штраус. На 15 мај годинава, платото пред Основниот Суд во Велес беше највеселото место во градот.

Матурантите водени од кореографот Цветанка Пајдакова се обидоа најдобро што можат да ги покажат своите танцувачки вештини. Од името на организаторот, Општина Велес матурантите ги поздрави градоначалникот Горан Петров кој ја нагласи симболиката на истовременото танцување на Кадрилот.

„Заедничкото чекорење во симболиката на Кадрилот е единствена порака за вас на прагот на зрелоста: Чекорете заедно во идеите и нивното остварување. Соборете го Гинисовиот рекор и оваа година и покажете дека вие сте силата на Европа“, им порача Петров. Во битката за Гинис велешките матуранти преку брановите на Словенечкото национално радио и Радио Скопје се дружеа со своите европски врсници. На настанот му претходеше дефиле на матурантите низ улиците на Велес.
 
Image Image
 
Image Image 
 
(15.05.2009)