„Живееме заедно“ - 2009

ImageТричлена делегација од Велес, предводена од Далиборка Златева, претседател на Здружението на родители на деца болни од церебрална парализа, од 13 до 17 мај годинава, во Белград учествуваше на Меѓународната конференција за лица со пречки во развојот „Живееме заедно“. Во рамките на конференцијата, Здружението на родители на деца болни од церебрална парализа имаше можност да ги презентира своите активности, организацијата и соработката со локалната самоуправа.
 
Здружението го презентираше и Локалниот акционен план за прашањето хендикеп, активностите за рачна изработка на накит и совладување на компјутерските вештини прилагодени за лицата со посебни потреби. Со свои литературни и уметнички творби на конференцијата се претставија Вања Ќулумова, Зорица Палиткова и Билјана Џуфовска. На конференцијата учествуваа здруженија од Шведска, Германија, Словенија, Б и Х, Црна Гора, Бугарија, Албанија како и од неколку градови од земјата домаќин-Србија. Според Далиборка Златева најзначајна придобивка од учеството на конференцијата е размената на искуства. „Треба уште многу работа за да го достигнеме нивото на социјализација што го има на пример Словенија“, рече Златева. Таа најави дека во наредниот период Здружението на родители на деца болни од церебрална парализа ќе се залага за поголема примена на позитивните искуства од Европа и светот.
 
ImageImage
 
(18.05.2009)