Нов состав на Асоцијацијата на градови со архитектонско наследство
Извршен одбор
Горан Петров – Претседател и членовите Коце Трајановски (Скопје), Владимир Талевски (Битола), Аргетим Фида (Дебар) и Зоран Дамјановски (Куманово)
Надзорен одбор
Зоран Алексов (Штип)- претседател и членови Александар Петрески (Охрид) и Перо Илиески (Вевчани)
Собранието на кое присуствуваа претставници од 10 општини од Македонија ги најави првите конкретни чекори за имплементација на позитивните европски искуства на планот на заштитата на архитектонското наследство. Беа донесени конкретни заклучоци:
- До ЗЕЛС да се достави иницијатива за вклучување на архитекти во општинските администрации кои ќе бидат надлежни за заштита на архитектонското наследство и ќе раководат со партиципативните тела.
- Да се иницираат законски одредби кои ќе овозможат поголемо учество на општините во заштитата на архитектонското наследство.
Како што беше речено на собранието само со вакви мерки ќе се спречи понатамошното уништување на бисерите на градската и руралната архитектура во Македонија.
Новоизбраниот претседател Горан Петров најави интензивирање на активностите на асоцијацијата и продлабочување на соработката со Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори.
(20.05.2009)