Честитки по повод Денот на пожарникарите
Денот на пожарникарите – 20-ти мај беше повод градоначалникот на Општина Велес, господинот Горан Петров да ја посети Територијалната противпожарна единица. Честитајќи им го празникот, господинот Петров им се заблагодари на пожарникарите за нивното секојдневно залагање во заштитата на граѓаните и добрата од пожари, ги истакна добрите постигања во изминатиот период и посака уште подобри резултати во иднина.
Територијалната противпожарна единица од Велес брои вкупно 25 пожарникари и според Законот за пожарникарство дејствува и на територииите на соседните општини Чашка и Градско. Располага со вкупно 5 противпожарни возила, едно возило за техничка опрема и две теренски возила.
И покрај недоволната кадровска и техничка опременост ТППЕ од Велес се вбројува во една од најуспешните професионални единици во државата.
И покрај недоволната кадровска и техничка опременост ТППЕ од Велес се вбројува во една од најуспешните професионални единици во државата.
(20.05.2009)