24 мај - Ден на сесловенските просветители
Градот Велес, лулка на писменоста и културата, со свечена академија во салата „Бели мугри“, наспроти предвечерјето на празникот, го одбележа 24 Мај, Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј и Ден на просветните работници. Присутните гости на свечената академија ги поздрави грaдонaчалникот Горан Петров, кој упати честитки до сите просветни работници: „Вие ја носите одговорноста и честа на просветителското дело на кое со изборот на професијата сте им се завештале на светите браќа Кирил и Методиј“.
Секогаш и секаде има поединци кои се издвојуваат и што заслужуваат да им се оддаде признание за вложениот труд. По тој повод, Градоначалникот Петров им додели пригодни признанија на најуспешните просветни работници во Велес за 2009 година: Македонка Виларова, најдобар наставник во основното обрзование и Јовица Темов, најдобар професор во средното образование.
Свечената академија беше збогатена со пригодна програма „Цвет до цвет-весел детски свет“, во изведба на учениците од ООУ„ Св.Кирил и Методиј“. Прославувајќи го патрониот празник ја закитија сцената со весели детски насмевки и со нивниот настап никого не оставија рамнодушен.

(22.05.2009)