Трет државен натпревар по информатика за основно образование
Во просториите на ООУ „Блаже Конески“ – Велес на 22.05.2009 година (петок) се одржа третиот државниот натпревар по информатика за учениците од основното образование. Учениците се натпреваруваа во две категории: апликативни и алгоритамски вештини. Натпреварот го организираше Здружението на информатичарите на Македонија, а Општина Велес традиционално ја помогна организацијата и заедно со Семос и Микрософт Македонија обезбедија награди за првопласираните натпреварувачи.

Комисијата во областа на алгоритамските вештини оценуваше
1.Биди креативен! (Квалификациска задача)
2.Решавање тест (алгоритмското размислување и прашања по теркот на класичните IQ тестови)
3.Работа на компјутер (пишување на алгоритам за решавање на одреден проблем и изработка на програма за истиот)
и ги прогласи најдобрите:
I место:
Јован Крајевски - ООУ „Григор Прличев“ – Скопје
II место:
Денис Мазникар - ООУ „Тошо Арсов “ – Штип
Ема Гушева - ООУ „11 Октомври“ – Скопје
III место:
Александар Андевски - ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово
Марија Попчева - ООУ „ Блаже Конески“ - Велес
Во областа, апликативни вештини истотака беа оценувани
1.Биди креативен! – квалификациска задача
2.Решавање тест (Електронски тест преку образовниот портал на Општина Велес, www.obrazovanie.edu.mk)
3.Работа на компјутер,
а за најдобри беа прогласени:
I место:
Благица Талевска – ООУ „Св Кирил и Методиј“ – Велес
II место:
Спасев Влатко – ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Свети Николе
III место:
Симона Миладинова - ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино
На најуспешните учесници, Градоначалникот им ги додели наградите и им посака уште подобри резултати во иднина.


Подетални информации за натпреварот на www.cs.org.mk
(22.05.2009)