Ново тело за развој на планските региони
Локалните власти во Македонија одлучија и советите на општините да работат на развивање на осумте плански региони. Со поддршка на ЗЕЛС формиран е нов Комитет на совети чии 12 члена ќе работат на развојот на регионите. На 27 јуни годинава претседателите на советите на 9-те општини од Вардарскиот плански регион го избраа Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес за свој претставник во новоформираниот Комитет на совети.
„Ја поздравувам оваа идеја. Очекувам успешна соработка со другите членови од Комитетот на совети и утврдување на нашите приоритети“ – изјави Чадиев по изборот. Меѓу другото целта на Комитетот на Совети е да ги заменува градоначалниците во случај на отсуство и да овозможи континуитет на активностите за регионален развој.
(27.05.2009)