Рациновото признание за Трајче Кацаров
Трајче Кацаров за збирката раскази „Татко и отец“ во издание на „Македонска реч“ е добитник на Рациновото признание за 2009 година. Одлуката на прес конференција ја соопшти академик Луан Старова, претседател Жири комисијата за доделување на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2009 година чии членови се д-р Лорета Георгиевска и д-р Ермис Лафазановски. „Збирката раскази Татко и отец претставува значајно книжевно дело во својот жанр кое се одликува со уверлива тематска заокруженост што асоцира на романескна целост, едноставна нарација, непретенциозност втемелена врз уверливи естетски премиси. Со посочената книга Трајче Кацаров ни се претставува како раскажувач со искуство, мајстор на својот занает, со негуван, култивиран и изграден прозен израз“ , стои меѓу другото во образложението на одлуката.
Трајче Кацаров за медиумите изјави дека Рациновото признание му причинува особена чест. „Затоа што јас учев од поезијата на Рацин и никогаш не сум помислувал дека еден ден ќе добијам награда на која Рацин и е патрон. Тоа е голема одговорност се што пишувам и правам во иднина да биде на нивото на добитник на Рациновото признание“.
Збирката раскаскази „Татко и отец“ содржи 27 раскази тематски обединети околу ликот на таткото. Станува збор за семејна проза напишана во вид на сеќавање што самиот автор ја оценува како литература што претставува своевидна вежба на сеќавањето, што ни покажува „кои детали од исонуваниот сон оставиле највпечатливи траги“.
Трајче Кацаров признанието го доби во конкуренција на 17 автори од кои во најтесниот избор влегоа Братислав Ташковски со книгата „Ако даде Господ“, Мето Јовановски со епистоларната проза „Писмо до саканата“, Миле Неделковски со „Лански снег“ и Димитар Пандев со „Приказни од поранешните“. Рациновото признание на Трајче кацаров ќе му биде доделено на 46-то издание на Рациновите средби, на 12 јуни годинава. Почесното Рациново признание за придонес во афирмацијата на македонскиот јазик и литература во странство ќе му биде доделено на проф д-р Петер Рау од Германија.