Соработка со Република Франција

ImageНа покана од Амбасадорот на Република Франција, Бернар Валеро, претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев, на 10-ти јуни годинава присуствуваше на прием по повод „Деновите на Алзашаните во Македонија“. На приемот, Амбасадорот Валеро ги поздрави гостите од Алзас со кои и Општина Велес започна успешна соработка и изрази задоволство од нивниот интерес да бидат дел од културните манифестации во Македонија.

 

Image 

Чадиев во свое име упати балгодарност до Амбасадата на Република Франција и претставниците на регионот Алзас кој е познат и како еден од водечките во Франција во областа на економијата. Претседателот на Советот изрази надеж дека Велес како седиште на Вардарскиот плански регион ќе воспостави успешна соработка со Алзас и на економски план. На приемот присуствуваа членовите на групата „Манивел“ и поетесата Силви Реф кои се дел од 46-то издание на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби.  Иницијатор на соработката со регионот Алзас е Жак Шлеф кој живее и работи во Велес.

ImageImage

(10.06.2009)