Алзас во Велес

ImageТрадиционалната музика на регионот Алзас, француската поезија, хармониката, пијаното и традиционалните песни се дел од програмата што групата „Манивел“ и поетесата Силви Реф ќе ја изведат на 11-ти јуни 2009 година четврток, во два наврати: Во салата „Бели мугри“ со почеток во 17 часот  и во истата сала во рамките на 46-то издание на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“ со почеток во 20:30 часот.
 
На прес конференцијата по повод  гостувањето на уметниците од Франција, Жак Шлеф директор на фестивалот „Самерлид“ во Алзас кој живее и работи во Велес го претстави богатиот репертоар на групата „Манивел“ и поезијата на Силви Реф. Тој упати благодарност до Општина Велес за можноста за продлабочување на соработката со регионот Алзас и создавање на нови пријателства. Групата „Манивел“ која ја негува традиципналната музичка култура на Алзас веќе настапувала низ голем број земји во светот и има издадено 17 ЦД компилации. Поетесата Силви Реф е добитник на престижни награди во Франција, Германија и САД.
 
 ImageImage
 
ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ ПОКАНУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ПРОСЛЕДАТ КОНЦЕРТОТ НА ГРУПАТА „МАНИВЕЛ“ И СЛИВИ РЕФ ОД  РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА“

11-ТИ ЈУНИ, ЧЕТВРТОК,
САЛА „БЕЛИ МУГРИ“-ПОЧЕТОК 17 ЧАСОТ