Почит за поетот
По 46 пат, Велес е сплотен во почитта кон поетот над поетите, револуционерот и визионерот Коста Солев Рацин. Омажот на поетот започна на 11-ти јуни годинава со положување на букети цвеќе на Спомен костурницата каде лежат неговите мошти. Делегации на семејството на Рацин, Општина Велес, МАНУ, Друштвото на писатели на Македонија , Сојузот на борци и голем број гости од земјава и странство заедно со граѓаните на Велес положија букети цвеќе и пред споменикот на Рацин во центарот на градот каде прозвучија и Рациновите вечни стихови, гордоста на Велес...
(11.06.2009)