Промовирана книгата на академик Блаже Ристовски
Во рамките на програмата на 46-то издание на Рациновите средби, академик Катица Ќулавкова ја промовираше книгата „Кочо Рацин-живот и дело“ од академик Блаже Ристовски во издание на „Матица“. „Стоте години од раѓањето на Кочо Рацин се респективен повод да ги соберам моите дополнети историско-литературни прилози и да придонесам за дорасветлувањето на неговиот комплексен профил во рамките на македонската културно-литературна и национално-политичка историска судбина“, рече академик Ристовски кој ја нагласи потребата од потполна монографска обработка на животот и творештвото на Рацин како и неопходноста од пренесувањето на неговите мошти во засебна гробница каде сите негови почитувачи ќе можат да му укажат достојна почит.
11.06.2009