Свечено отворени 46-те Рацинови средби

ImageНа 11 јуни годинава, во салата „Бели мугри“  свечено беа отворени 46-те „Рацинови средби“ поетскиот перформанс кој беше израз на растењето на генерациите во Велес со Рациновите стихови беше вовед во меѓународната поетска манифестација која ја отвори градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров.  „Рацин е нашиот идентитет, себепознавање, нашата историја, минато и иднина.
 
Интелектуален хазард е обидот да се допре до суштината на Рацин, да се долови ликот, гласот, погледот на еден творец во осама чие творештво денес е дел од златната библиотека на УНЕСКО. Од Солено чешмиче до Бузаана, од Којник до Прцорек, во зачуваните чардаци, минсофи, кепенци, во тропотот на грнците,  Рацин е вткаен во Велес отсекогаш и за секогаш.Тој е еликсирот на овој град на мугрите, неговата младост, непрецветана семка на секогаш ново создание, ново откритие“, рече Петров. Академик Матеја Матевски во својата „Беседа за Рацин“ го нагласи неговото значење во културното битисување на македонскиот народ.

„Рацин е човекот кој ја возобнови нашата традиција и даде нов здив на нашата култура, отворајќи ги патиштата на модерниот развиток на нашата македонска национална идеја и во нејзиното историско препознавање на нашата филозофска мисла на нашиот македонски јазик“, рече академик  Матевски. Во рамките на традиционалниот поетски митинг, со своја поезија се претставија 24-ца поети од Македонија, Франција, Романија, Португалија, Словенија, Србија и Бугарија. Концертот на групата „Манивел“  и поетесата Силви Реф од, регионот Алзас, Република Франција беше вистинско доживување за публиката во „Бели мугри“. Воодушевување предизвикаа звуците на познати шансони, стиховите на Жак Превер, Леонард Коен, поетесата гостин Силви Реф, а особено нејзиниот музички аранжман на Рациновата „Ленка“, на француски и македонски јазик како траен подарок за велешани и Македонија.
 
ImageImage 
 
ImageImage
 
Image