C@P - Велес, Слободна Интернет Пристапна Точка

ImageОвoj проект претставува дел за заложбата на UNDP, во соработка со локалната власт на Општина Велес, за развој на отворено и транспарентно информатичко општество во земјата.

Целта на проектот е да се овозможи на граѓаните на локално ниво да имаат пристап до електронските сервиси и услуги што ги нудат локалните власти, согласно новите ингеренции што истите ќе ги имаат и со тоа да се овозможи поблизок контакт меѓу власта и граѓаните. Истото би се овозможило преку посета на електронските сервиси www.uslugi.gov.mk и www.emarketplace.gov.mk, учество во форуми, доставување на предлози и слично преку официјалната интернет страна на општината www.veles.gov.mk Имајќи ги во предвид условите за пристап на интернет во земјата, формирана е интернет пристапна точка која овозможува слободен пристап до интернет на граѓаните.

Слободната Интернет пристапна точка функционира секој работен ден во периодот од 16.00 до 19.00 часот. Со цел им се овозможи на што поголем број граѓани да ја искористат оваа погодност, а воедно и да се спречи злоупотреба на истата, интернет пристапот е ограничен на околу половина час што според мислењето на многумина е повеќе од доволно за извршување на основните потреби, што наидува на одобрување кај граѓаните.


За да може сето тоа да функционира, не е доволно само да се обезбеди користење на е-услугите, туку и да им се помогне на граѓаните да ја разберат улогата на WEB технологијата и начинот на кој можат да дојдат до саканите информации. За таа цел се организираат и обуки за невработените лица и лица вработени во локална самоуправа според Мicrosoft’s Unlimited Potential Communuty Learning Curriculum во областа на:

-основни компјутерски техники,
-софтверски програми (MS апликации почетни и напредни обуки),
-интернет.

Обуките во горенаведените области се изведуваат секој работен ден во периодот од 08.00 до 16.00 часот по распоред што е предходно утврден. Заинтересираните невработени лица (со потврди од бирото за вработување) и лица вработени во локална самоуправа за посета на обуките можат да се пријават во C@P-Велес или во градската библиотека секој работен ден од 08.00 до 19.00 часот.

Од неодамна почнаа да функционираат и електронските сервиси www.uslugi.gov.mk и www.emarketplace.gov.mk на кои ќе им се даде посебно значење. За да можат граѓаните да ја разберат нивната цел и што е можно полесно да ги користат овие електронски сервиси, секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот ќе се врши обука за нивно користење. Обуката ќе се изведува во C@P-Велес и можат да ја посетуваат сите заинтересирани граѓани кои претходно ќе се пријават за истото. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во C@P-Велес или во градската библиотека секој работен ден од 08.00 до 19.00 часот.

Бидејќи секогаш за било која работа има и подобро решение, сите Ваши предлози и критики се добредојдени на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .


Со почит,
Ангелов Димче
C@P-Велес