Лопушник - тајната на Рацин

ImageНа 13 јуни, делегации на Општина Велес и Општина Другово, со претставници на меѓународната заеднница, АРМ и голем број институции, организации и граѓани го посетија местото каде пред 66 години загина Коста Солев Рацин.  „Треба вечно да му благодариме на Рацин. Тој не е легенда ниту мит, туку жива присутност“, рече Добре Никовски, градоначалник на Општина Другово.
 
Image„Темнината на утрото на 13 јуни, 1943 година останува темнина, мистерија што ја познава само оваа планина. Наш предизвик е да се посветиме на Рациновата светлина, да бидеме свесни дека меѓу нас битисувал човек пред своето време, ентитет со непоимлива разборитост, чесност и визионерство, со срце доволно големо да го збере светот во него,  исклучителен талент за комуникација преку зборот што допира до сите светски меридијани“, рече Градоначалникот на Велес, Горан Петров.

Почит на поетот над поетите му оддаде и Амбасадорот Ерван Фуере, шеф на делегацијата на Европската комисија  и претставник на ЕУ во Република Македонија. Амбасадорот Фуере кој е голем љубител на поезијата рецитираше стихови од Рацин покажувајќи ја и на тој начин неговата почит. Во рамките на настанот општината домаќин Другово и Општина Велес организираа рецитали од поезијата на Рацин.
 
ImageImage
 
(13.06.2009)