УРБАНА КУЛТУРА ВО ВЕЛЕС

ImageМладите велешани покажаа дека умеат да ги донесат современите трендови на урбаната култура и во својот град. Младинскиот образовен форум поддржан од ФИООМ организираше настан што им овозможи на младите да ги презентираат сите свои креативни потенцијали. Под насловот „Биди урбан“ , во Младинскиот парк се одржаа низа културни настани како цртање на графити, стрип работилница, ликовни работилници, модерен балет, изложба на фотографии.

Со својот интерес да бидат дел од настанот и да покажат што умеат, младите само потврдија дека имаат потреба својот град да го почувствуваат како урбан простор на изразување, близок до нивниот живот и имагинација. Овојпат урбаната културна разгледница ја создадоа во Младинскиот парк. И очекувано го заслужија поттикот повторно да не освојат со своите вештини и креативни способности и да внесат топлина и разнобојност во урбаниот живот на сите генерации.
 
ImageImage
 
(19.06.2009)