Избран раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион
Александар Бузалков, актуелен директор на ЈП Македонски пошти – Подружница Велес е избран за раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. На седницата одржана во Градско, на 19 јуни годинава, сите седуммина градоначалници, присутни на седницата едногласно го избраа Бузалков помеѓу четворица кандидати пријавени на конкурсот. Александар Бузалков ќе има одговорна задача да ја имплементира Програмата за развој на Вардарскиот плански регион.
Новиот систем на регионален развој во Република Македонија треба да придонесе за намалување на дисбалансот во развојот на општините и имплементација на европските приоритети за регионален развој.
(19.06.2009)