Велес во знакот на фолклорот

ImageНа 24 јуни годинава, во спортската сала на ЈП „Парк –спорт“ свечено беше отворено шестото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“. Во присуство на истакнати личности од јавниот живот, гости и членови на фолклорни ансамбли од Македонија, Турција, Романија, Полска, Босна и Херцеговина и Србија, учесниците и посетителите ги поздрави Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор на фестивалот.


„Интересот на нашите гости – учесници да бидат дел од шестото издание на фестивалот само потврдува дека на светската мапа на културни настани Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ претставува значаен придонес во глобалната култура заснована на традициите“, рече Јаневски. Фестивалот го отвори Градоначалникот Горан Петров кој го нагласи значењето на фолклорот во културното обединување на народите: „Најдобриот начин да ги сочуваме традициите е да го сочуваме нивниот животен импулс, да создадеме континуитет преку организирање на значајни културни манифестации како што е фестивалот „Велес“.  

ImageImage 


За прват се крена и знамето на фестивалот кое ќе биде симбол на Велес и во Меѓународната организација за фолклорна уметност. Особено доживување за присутните беше настапот на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија  „Танец“. На првата фестивалска вечер настапија ансаблите „Севдах“- Босна и Херцеговина, „Кракус“- Полска, „Чанакале“-Турција, „Дуина Бараганулуи“- Романија, „Тутин“-Србија и „Вила Зора“-Велес, Македонија. Наредните три фестивалски вечери ќе понудат уште многу нови фолклорни традиции на народите.

ImageImage

(24.06.2009)