Отворени можности за соработка

ImageВо рамките на програмата на ИФФ „Велес“ 2009, градоначалникот Горан Петров оствари средба со Габи Јонеско, градоначалник на збратимениот град Слобозија, Република Романија. Градоначалниците изразија задоволство од досегашната успешна соработка која генерално се одвиваше на планот на културата. На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на соработката и  реализација на заеднички проектни активности за развој преку фондовите на Европската Унија.
 
ImageImage 
 
Традиционално, градоначалникот Горан Петров организираше средба со  претставниците на фолклорните ансамбли – учесници на фестивалот на која беа разменети мислења околку отворените можности за соработка на Општина Велес со градовите во Турција, Полска, Србија, Босна и Херцеговина од кои доаѓаат фолклорните ансамбли - учесници на фестивалот.
 
ImageImage
 
Image
 
(25.06.2009)