Средба со Амбасадорот на ОБСЕ
Градоначалникот Горан Петров, на 01 јули годинава, оствари работна средба со Н.Е. Хозе Луис Хереро, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. На средбата, беа разменети мислења околу досегашната успешна соработка на Општина Велес со Мисијата на ОБСЕ. Градоначалникот Петров и Амбасадорот Хереро ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката преку реализација на заеднички проекти, особено во областа на зајакнувањето на капацитетите на општинската администрација.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ имаше можност лично од Градоначалникот да дознае повеќе информации за Општина Велес и потенцијалите за развој.
(01.07.2009)