Нова донација за народната кујна
Општина Велес обезбеди нова донација за народната кујна која во 2006 година беше отворена во ОЈУДГ „Димче Мирчев“. Со донацијата се обезбедени 200 комплети садови за подигање на храна од корисниците на народната кујна. На примопредавањето на опремата покрај градоначалникот Горан Петров присуствуваше, Душко Миновски, Државен секретар во Министерството за труд и социјална политика. Храната која се подготвува во градинката се дистрибуира на околу 100 корисници евидентирани во Центарот за социјални работи.
„Ова е надоградба на веќе започнатите активности за помош на старите и изнемоштени лица и лицата во тешка социјална состојба. Во следната фаза преку дистрибуција ќе го олесниме пристапот до топол оброк за корисниците кои не се моќни самите да го подигнат оброкот“, изјави Градоначалникот Петров. Државниот секретар Миновски го потенцираше значењето на овој проект: „Ова е позитривен пример што треба да го следат сите општини во Македонија. Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да ги поддржува ваквите идеи и активности на општините. Во наредниот период ќе имаме и нови активности насочени кон децата без родителска грижа и другите ранливи групи граѓани во државата.“. Во рамките на овој проект Општина Велес ја продлабочи меѓуинституционалната соработка со Министерството, Центарот за социјални работи-Велес и градинката „Димче Мирчев“ во интерес на граѓаните.
(03.07.2008)