Звуци на харфа во Велес

ImageМ-р Мерсиха Шукри – единствениот магистер по харфа во Република Македонија на 6 јуни 2009 година, во рамките на Велешкото културно лето 2009, одржа концерт во Велес. За прв пат, звуците на инструментот на боговите го облагородија велешкиот храм на уметноста – Ликовниот салон, со делата на Глиер, Турније, Албениц, Дуранд и Хаселманс.