Папрадишки мајстори 2009

ImageНа 8-ми јули годинава, официјално беше означен стратот на петото издание на сликарско копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“. Традиционално, пред заминувањето во живописното Папрадиште, Општина Велес организираше прием за уметниците учесници на колонијата. Во име на Градоначалникот и Советот на општина Велес, уметниците ги поздрави Марија Настова која ја нагласи посветеноста на општината за успешно организирање и зголемување на квалитетот на колонијата. Годинава на колонијата ќе учествуваат 17 сликари и скулптори од Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора и 7 копаничари од Македонија.


Ова издание на колонијата го координираат скулпторот Ангел Коруновски одговорен за учесниците сликари и скулптори и копаничарот Љубомир Бисин  одговорен за учесниците копаничари. Колонијата ќе трае до 17-ти јули годинава и овојпат е посветена на одбележувањето на 150 години од раѓањето на последниот зограф и прв македонски сликар Димитрија Андонов Папрадишки.

ImageImage

(08.07.2009)