Заврши манифестацијата „Велес град на културата“
Концертот на Калиопи која го прослави својот 39-ти
роденден подарувајќи и ја својата музика на велешани беше еден од
највпечатливите настани кон крајот на манифестацијата „Велес град на
културата“.
Воодушевената публика пееше заедно со македонската поп дива која на љубителите на нејзината музика им подари незаборавни моменти. На овој значаен музички настан му претходеше промоција на новото издание на исклучителното поетско дело „Дениција“ на академик Петре М Андреевски. Длабоките стихови за љубовта кон девојката како мост на љубовта кон татковината повторно ги допреа љубителите на поезијата. Книгата на академик Петре М Андревски ја промовираше академик Гане Тодоровски. Стихови од „Дениција“ интерпретираа актерот Васил Зафирчев и Александар Кулкулев.
На
крајот на манифестацијата „Велес град на културата“ велешани имаа
можност да ја проследат и операта „Рита“ од Гаетано Доницети во изведба
на Македонската Опера. Комичната опера со драмски елементи ја воодушеви
присутната публика во салата на општината за која ова беше ретка
можност да проследи опера во Велес.
Велес град на културата завршува зо организиран дочек на Новата 2006 година за граѓаните на Велес кој ќе понуди богата културно-уметничка програма.
Велес град на културата завршува зо организиран дочек на Новата 2006 година за граѓаните на Велес кој ќе понуди богата културно-уметничка програма.