Александар Темелковски еден од 21
Со поддршка на Министерството за образование и наука и Министерството за култура на Република Македонија, а под раководство на маестро Борис Трајанов Македонија одбираше таленти.Во текот на март и април годинава маестро Трајанов направи аудиции во 17 градови во Македонија со ученици од основните училишта. Резултат од аудицијата беа 21 талент кои на 9 јули 2009 година, во Домот на АРМ во Скопје одржаа концерт.
Александар Темелковски на возраст од 9 години, ученик во ООУ „Блаже Конески“ е музичкиот талент што го претставуваше Велес. Според изјавата на маестро Борис Трајанов, во конкуренција од 48 кандидати малиот Александар бил убедливо најдобар.
Талентираните ученици на публиката и се претставија во 3 категории: забавна поп – рок музика, сериозна и народна музика. Беше уживање да се присуствува на концерт каде изведбите на аматерите звучат подеднакво професионално како и оригиналот.
Нашиот Александар ја имаше честа да го затвори овој ревијален перформанс на таленти со велешкиот бисер, народната песна „Јовано Јованке“. Меѓу бројната публика што го бодреше Александар беше и Градоначалникот на Велес, г-дин Горан Петров.
(09.07.2009)