58 Години од смртта на Панко Брашнар
На 12 јули годинава, по повод 58 години од трагичната смрт на Панко Брашнар, делегации на Општина Велес, семејството на Панко Брашнаров, Општинската организација на Сојузот на борците, политички партии и граѓани положија букети цвеќе пред споменикот на големиот учител, револуционер и сведок на два Илиндени. За животот на Панко Брашнар пред присутните говореше Жико Пановски.
Панко Брашнар е Роден е во Велес во 1883 година. Образованието го започнал во родниот град. По завршување на прогимназијата штколувањето го продолжил во Педагошкото училиште во Скопје. Учителствувањето го започнал во кумановските села каде отпочнал да ги шири првите револуционерни идеи. Уште пред Првата светка војна Панко Брашнаров учествува во работата на Социјалистичката организација во Велес, соработува во органот на Васил Главинов „ класно сознание “. Во 1919 е член во Социјалистичката работничка партија ( комунисти). Во време на историските збиднувања од Илинден, Уриетот 1908 г. и Балканските војни, низ мачните искушенија во еден од најтешките периоди од историјата на македонскиот народ, тој стапува во одбрана на интересите на народот. Трагичните последици од поделбата на Македонија не го разочаруваат : во 1920 г. тој е раководен партиски кадар, делегат е од велешката партиска организација на Вуковарскиот конгрес; во 1922 г. е учесник на Првата земска конференција на КПЈ во Виена; во 1924 г. е делегат на Третата земска конференција на КПЈ во Белград; во 1926 г. учествува на Третиот конгрес на КПЈ во Виена; член е на Централниот комитет на ВМРО (Об.)
Илинденецот, членот на ЦК на ВМРО (Об.),партизанот Панко Брашнаров е избран за народен пратеник на Првото заседание на АСНОМ, за негов прв претседавач, за потпретседател на АСНОМ и претставник на АСНОМ за член на АВНОЈ
По неколкуте години живот и работа во Штотуку организираната држава, Панко Брашнар е затворен како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информ бирото, казнет е како непријател на власта и испратен во злогласниот логор на Голи Оток каде на 13 јули 1951 година умира.
Поединци од Велес и денес трагаат по посмртните останки на големиот револуционер со надеж дека еден ден ќе се вратат во Велес каде припаѓаат и каде сите генерации ќе можат достојно да му изразат почит за се што направи за Македонија.
(12.07.2009)