Театарот ја победи јазичната бариера

ImageНационалниот младински театар од Ереван, Република Ерменија успеа наспроти јазичната бариера да ја освои публиката во Стоби. Во рамките на 8-то издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“, гостите од Република Ерменија, на 22 јули годинава,  ја изведоа претставата „Нерон и Сенека“ од Едвард Разински, во режија на Хакоб Газанчјан.


Комплексната релација помеѓу мудроста на учителот Сенека и најсуровиот римјанин Нерон, предавството и потрагата по вистината ја освоија сцената во античкиот театар. Претставата беше надополнета со видео проекции, танцови елементи и музиката на Бодан Арсовски. Реакциите на публиката ја потврдија моќта на театарот без разбирливи зборови да ги разбуди емоциите и љубопитноста. Актерот Артур Карапетјан кој во 2004-та ја освои наградата за најдобра машка улога на фестивалот „Стоби“ и овојпат беше убедлив во улогата на Нерон. Фестивалот продолжува на 24 јули (петок), со претставата „Феничанки“ на Народниот театар „Антон Панов“ – Струмица, во режија на Стојан Стојаноски.

Image

(23.07.2009)