Од Феничанките на Еврипид до Птиците на Аристофан
Судбината на несреќната Јокаста, мајката на Едип, што во претставата „Феничанки“ од Еврипид ја оживеа Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица и иронијата на општественото уредување исмеано од Аристофан и пренесено на сцената од велешкиот Народен Театар „ЈХК-Џинот“ предизвикаа голем интерес кај велешката и македонската публика. Претставите, режисерски видувања на Стојан Стојаноски, На 24 и 24 и 26 јули годинава, овозможија пријатен културен викенд за љубителите на театарот. Од трагичното до комичното, во постојана комуникација со публиката претставите изведени во рамките на 8-то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ понудија различни доживувања на античкото. Фестивалот продолжува со претставата „Електра Перпетратор“ во кореографија на Софија Спиратоу и во изведба на Танцовиот театар „Роес“ од Атина, Република Грција. Претставата ќе биде изведена на сцената на „Стоби“ , во вторник, 28 јули, со почеток во 21 часот.