Отчет на Градоначалникот Горан Петров

ImageПривлекувањето инвеститори - приоритет

По истекот на 100 дена од стапувањето на функцијата, Градоначалникот Горан Петров на прес конференција одржана на 28 јули годинава, ги информираше претставниците на медиумите за реализираните активности и проекти во споменатиот период:


• Проширување на мрежа  за улично осветлување
• Реконструкција на мрежа на улично осветлување и поставување на нова (на железничка станица)
• Реконструкција на спортски терен „Тунел“
• Уредување на простор во Младински парк
• Поставување заштитни огради на ул.„Ганчо Хаџи Панзов“
• Поставување заштитни капаци на фекална канализација во с.Иванковци
• Одбележување на улици
• Громобранска инсталација во Локална библиотека „Гоце Делчев“
• Реконструкција на локален пат кон МЗ „Младост“
• Тампонирање на патот кон с.Сопот
• Изградба и уредување на истурени канцеларии на Општина Велес во с.Бузалково и с.Иванковци
• Воспоставување на ISO стандард за квалитет 9001:2008, реализација на низа активности и манифестации од областа на образованието, културата, социјалната заштита, спортот и младите, соработката со НВО.

Ова е само мал дел од информациите што на прес конференцијата ги презентираше Градоначалникот Петров.

Како врвни приоритети за наредниот период тој ги најави инфраструктурните зафати во функција на привлекувањето на инвеститори. „Не можеме да очекуваме инвеститори без техничка документација и обезбедена инфраструктура на градежните парцели. Затоа веднаш започнавме да работиме на подготовка на техничка документација. На езерото Младост, во индустриските зони инвеститорите не можа да започнат да градат ако не им обезбедиме пристапен пат, вода, канализација, електрична енергија“, рече Градоначалникот кој најави дека во септември ќе формира економски тим со надворешни соработници од бизнис секторот со кои заедно ќе ја менува економската слика на Велес.  Еден од најголемите приоритети е поврзувањето на градскиот водовод со езерото и најтешко достапните зони во градот, зајакнување на транспарентноста преку континуираните средби со граѓаните секој понеделник од 12 до 15:30 часот. Предизвици се и екипирањето на општинската администрација, отворените прашања во сферата на образованието, Рамина и многу други.

На средбата со Градоначалникот новинарите се интересираа за голем број теми од работата на општината. Градоначалникот Петров упати јавна благодарност до граѓаните и медиумите кои како што рече со своите забелешки, претставки, предлози и прашања му помагаат во извршувањето на функцијата. Тој најави континуитет на сите планирани активности за што велешката јавност ќе биде редовно и навремено информирана. Отчетноста и одговорноста кон граѓаните и инвеститорите за Градоначалникот Горан Петров понатаму ќе бидат меѓу најголемите приоритети.