Отворена канцеларија во Иванковци

ImageВо присуство на членови на Советот на општината, Советот на МЗ Иванковци и жители на село Иванковци и околните населени места, на 31-ви јули годинава, во пресрет на Националниот празник на македонскиот народ и големиот христијански празник Илинден во Иванковци беше отворена дисперзирана канцеларија на Општина Велес. Опремата за канцеларијата ја обезбеди ЕУ преку Проектот за поддршка на децентрализацијата – СУДЕП.


ImageВо Велес покрај Иванковци , опрема добија и Граѓанскиот сервис центар во Велес и канцелариите во Бузалково и Горно Оризари.
На свеченото отворање на канцеларијата му претходеше чин на осветување организиран од свештенството на Повардарската епархија, а на симболичен начин канцеларијата беше предадена во употреба од Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров и претседателкот на МЗ Иванковци Ивица Стојчевски.
Во оваа пригода Градоначалникот Петров го изрази задоволството од проширувањето на мрежата општински канцеларии во поголемите населени места во Општина Велес и им посака на жителите што повеќе да ги користат услугите што на овој начин општината ги доближува до нив. Заштедата на средства неопходни за патување до Велес и заштедата на драгоцено време се само дел од придобивките што оваа канцеларија им ги носи на жителите на Иванковци, рече меѓу другото градоначалникот Горан Петров.

ImageПретседателот на МЗ, г-дин Стојчевски и се заблагодари на Општина Велес за отворањето на овој центар кој има за цел да го олесни животот на граѓаните и нивниот пристап до информациите кои што им се потребни. Ова е една од канцелариите што се отвораат во 36 општини во Македонија и шанса жителите на Иванковци да ги добијат сите услуги многу побрзо и полесно, да воспостават комуникација со светот и да ги зголемат знаењата. Канцеларијата има бесплатен пристап до интернет и ЕУ инфо точка. Во рамките на настанот учениците од ООУ „Стојан Бурчевски – Буридан“ од Иванковци и КУД „Коле Неделковски“ од Велес изведоа пригодна програма.