ЗАВРШИ ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА

ImageВо преполното гледалиште на античкиот театар во Стоби, синоќа заврши осмото издание на Меѓународниот фестивал на античка драма.
Шестата фестивалска вечер беше резервирана за наградените. Актерот Дејан Лилиќ за улогата на Александар Македонски во истоимената претстава на Драмски театар од Скопје ја освои наградата за најдобра машка улога, на актерката Рујиш Беговска за улогата на Јокаста во претставата „Феничанки" на струмички театар и припадна наградата за најдобра женска улога а добитник на наградата за најдобра режија, за најдобра колективна игра и Гран при наградата ги однесе претставата „Електра Перпетратор“ на Роес денс театарот од Атина, Грција.
Во чест на наградените актерите од Прилепскиот театар ја одиграа претставата „Тапани во ноќта“ на  режисерот на Мартин Кочовски.Фестивалот траеше десет дена, беше посетен од околу 11 илјадна публика, а чинеше околу 36 илјади евра пари обезбедени од Општина Велес, Министерството за култура и бројни спонзори.