ЗАВРШИ ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „ТУНЕЛ 2009“

Екипата на „Црна Река“ победник на турнирот

ImageТрадиционалниот деветти по ред турнир во мал фудбал „Тунел 2009“ организиран по повод големиот празник на Македонскиот народ „Илинден“, заврши.Вечерта на 31 Јули, пред повеќе од 1.000 граѓани кои присуствуваа на завршната вечер, се одиграа и последните два натпревара од вкупно 52-та во периодот од 4 до 31 Јули оваа година.Во натпревар за 3 место се состанаа екипите на „Жито маркети“ и „Снупи“. Со подобра игра во текот на целиот натпревар екипата на „Жито маркети заслужено победи со резултат 1:0 и со тоа го зазеде 3 место на турнирот.Во главниот натпревар се состанаа екипите на „Црна Река“ од Кавадарци и „Куманово“ од Куманово. Натпреварот беше доста квалитетен и неизвесен до самиот крај. Сепак, со головите на Манасков, Мицев и Стоев со два гола, екипата на „Црна Река“ победи со резултат од 4:3 и со тоа го освои 1 место на турнирот, големиот пехар и стана победник на деветтиот турнир „Тунел 2009“.Втора е екипата на „Куманово“, на 3 место се пласира екипата на „Жито маркети“, а на 4 место екипата на „Снупи“.За најдобар голман беше прогласен Александар Јолдашев од екипата на „Жито маркети“, најдобар голгетер е Владо Петровиќ од екипата на „Куманово“, додека за најдобар фудбалер на овогодишниот турнир во мал фудбал „Тунел 2009“ беше прогласен Миле Димов од екипата на „Црна Река“. Наградатат за најфер екипа и беше доделена на екипата на „Башкими“ од Г. Јаболчиште.На најдобрите спортисти и спортски екипи им беа доделени парични награди, пехари, дипломи и спортска опрема, а истите ги врачија Градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров, претседателот на Советот, Славчо Чадиев, претседателот на Сојузот на спортови на Велес, Зоран Ѓуровски, Советникот Томе Јанев и др.

Главни карактеристики на турнирот:
- одлична организација,
- еден од најмасовните и најквалитетните досега,
- голем интерес кај граѓаните со нивна голема посетеност во текот на сите вечери кога се играа натпреварите.

ImageВо рамките на прославата на „Илинден“ се одржа и традиционалната петта по ред атлетска трка „Илинден 2009“ на која учествуваа повеќе од 40 најдобри атлетичари во трчање на средни и долги патеки во сениорска машка и женска категорија од повеќе атлетски клубови од Македонија, како што се: „Изгрев“ од Велес, „Делта“, „Работнички“, „Шри Чимнои“„Триатлон Клуб Интегритет“, „Безбедност“ од Скопје, „Брегалница“ од Штип, „Струмица“ од Струмица и Армијата на Република Македонија.
 На патеката долга 8 километри за сениорите и 4 километри за сениорките победници се:

Сениори: 1. Ѓорѓи Трендафилов од „Струмица“ - Струмица
  2. Срѓан Милошевски од „Изгрев“ - Велес
  3. Горан Стојанов од „Маџари“

Сениорки: 1. Ениса Тасевска од „Делта“ - Скопје
  2. Весна Кираџиева од „Безбедност“ - Скопје
  3. Катерина Димовска од „Скопје“ - Скопје

 На најдобрите атлетичари им беа доделени парични награди, пехари и дипломи, а истите ги врачија Љупчо Георѓиев, Претседател на АК „Изгрев“ и Славчо Чадиев, Претседател на Советот на Општина Велес.
 По завршувањето на спортскиот дел присутните гледачи продолжија да се забавуваат со културно-уметничка програма и песните на Гоце Арнаудов.

Т.К 01.08.2009
Велес