Одбојка на песок
На ново-отворената плажа на езерото „Младост“ се одржа првиот промотивен турнир во одбојка на песок.
Учествуваа 26 натпреварувачи од Велес од кои 14 машки и 12 женски. Секоја екипа беше составена од по два играча.
Во машка конкуренција победи екипата на „Гемиџии“ во состав Јованче Манасков и Тодор Стојанов, а во женска конкуренција екипата на „Лавици“ во состав Елена Андреева и Александра Илиева.
На натпреварите судеа меѓународните одбојкарски судии од Велес, Ордан Амбарков и Драги Михајлов.
Се предвидува овој турнир кој беше посетен и од Градоначалникот, Претседателот на Советот и советниците на град Велес, да биде традиционален, на државно, а подоцна и на меѓународно ниво.
Т.К 01.08.2009
Велес