Општина Велес во Романија

Image

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Делегација на Општина Велес, предводена од градоначалникот Горан Петров во периодот од 5-ти до 10-ти август годинава, престојува во работна посета на збратимениот град Слобозија, Република Романија. Целта на работната посета остварена на покана од Габи Јонаску, градоначалник на Слобозија е да се утврдат областите и конкретни проектни предлози за заедничко аплицирање на општините Слобозија-Романија, Велес-Македонија и Силистра-Бугарија пред европските фондови.

Делегацијата во чиј состав покрај градоначалникот Петров се и Томе Јаневски, член на Советот на Општина Велес и претседател на Организациониот одбор на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ и Асен Прличков, член на Советот на Општина Велес има можност на лице место да ја види реализацијата на проектни активности во различни области од развојот на градот Слобозија.. Во рамките на програмата, делегацијата на Општина Велес ќе оствари низа официјални средби, ќе има можност да ги види искуствата во евроинтеграциите и ќе проследи дел од програмата на Фолклорниот фестивал „Цвеќето на Бараган“.