Општина Велес почиста за 1000м3 отпад

ImageОд први јули годинава, во Општина Велес работно се ангажираа 100 невработени лица за вршење на јавни работи. Проектот е финансиран од Владата на РМ, како една од мерките за спроведување на активни политики на вработување на невработени лица од различни целни групи со различен степен на стручна подготовка. Носители на проектот се Општина Велес и Агенцијата за вработување-Центар за вработување Велес. Лицата се работно ангажирани во ЈКП "Дервен" во одржувањето на јавната чистота, уредување и обновување на запуштените зелени површини.

ImageВо месецот кој измина уреден е крајбрежниот појас на Езеро Младост, Градскиот парк и Градскиот стадион, зголемена е фреквенција на чистење на градските улици, Новите гробишта во Раштани, генерално исчистени и уредени се зелените површини пред стамбени згради во Нова Населба,  исчистен е влезот на Велес на регионалниот пат Велес-Башино село. Од извршените активности на чистење и уредување собрани се 453м3 отпад од градот и 600м3 комунален и биоразградлив отпад од крајбрежјето на Езеро Младост.
Севкупната проектна координација е водена од работните тимови од Општина Велес, Центар за вработување Велес и од ЈКП Дервен. Имплементирањето на проектните активности продолжува до крајот на 2009г.

ImageImage