Општина Велес ги санира последиците од невремето

Image По големото невреме на 11.08.2009 година проследено со поројни дождови, Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров ги мобилизираше сите човечки и материјални ресурси за санирање на последиците од големите наноси на еродиран материјал од високите зони на градот. Комуналците се вклучија во расчистување на градските улици уште истата вечер, при што се собрани 90м3 наноси и се ангажирани 19 цистерни за перење на улиците. Следниот ден се започна со расчистување на улицата Вера Циривири како најпогодена од невремето, со ангажирање на механизација од страна на Општина Велес и ЈКП Дервен, а во попладневните часови во расчитувањето се вклучи ЈП "Македонија пат" подружница Велес. Расчистувањето продолжува на ул. Коле Цветков која е затворена за сообраќај, како и на останатите улици во градот.

ImageНадвор од градот се вршат интервенции на локалниот патен правец Велес-Бузалково. Неколку индивидуални стамбени објекти и просториите на ЦД радио се погодени од невремето и причинети се материјални штети. Во текот на денешниот ден Градоначалникот заедно со директорот на ЈКП Дервен посетија дел од домовите погодени од невремето и им ветија на граѓаните дека по извршената проценка на причинетата штета од страна на општинската Комисија за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи за секој објект поединечно, проценките ќе бидат проследени до Владата на Република Македонија. „Јас сум убеден дека ќе има слух од страна на Владата да им се помогне на луѓето кои што навистина имаат претрпено големи последици бидејќи вакво невреме во Велес не се памети во изминатите 30-тина години“ изјави градоначалникот Петров.

 ЈКП „Дервен“, Македонија-Пат и другата расположлива механизација ќе работи на терен се додека не се исчистат градските сообраќајници и погодените патни правци.
ImageImageImage