ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА 2008/09 СОУ „Гимназија Кочо Рацин“

На 13 август на градскиот базен Снупи, со пригодна програма свечено беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2008/09 при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.Матурантите не ја криеја радоста за постигнатите успеси зошто завршувањето на средното образование е многу повеќе од обична церемонија, тоа воедно е и заокружување на еден дел од животот и почеток на нов. На идните академски граѓани им се обрати и Градоначалникот Горан Петров, кој изрази честитки за постигнатото и воедно им посака многу среќа во иднина, во студирањето и во идните професионални кариери.