БЕСПЛАТЕН УЧЕБНИК ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК
Деновиве отпочна реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија за обезбедување бесплатни учебници за учениците во основното и средното образование. Министерството за образование и наука веќе дистрибуираше дел од учебниците излезени од печат за основното образование. Учебниците се доставуваат до Општина Велес од каде се примопредаваат до сите општински училишта. Во Општина Велес се прифаќаат и бесплатните учебници за соседните општини: Чашка и Градско.
Дел од првата пратка веќе е распределена по општинските основни училишта. Активностите околу примопредавањето на учебниците продолжуваат и во наредниот период.