„Монистра“ во Велес
На летната сцена во амфитеатарот во Младински парк, на 20 август продолжи „Топлиот културен бран“ организиран под покровителство на Министертвото за култура и Општина Велес. Целовечерен концерт одржа етно-групата „Монистра“ која зад себе има бројни настапи како пред домашната, така и пред светската публика во Израел, Египет, Франција, Словенија ...
Оваа етно-атракција е состав од млади музичари кои го негуваат македонскиот етно-фолклор пред културната јавност. Негувачите на старите изворни и народни песни на музичката сцена се присутни од 2002 година, а досега имаат издадено еден албум насловен „Монистра“.
„Монистра“ преку синоќешниот настап успеа да ја плени со симпати велешката публика која уживаше во изворната песна и звуците на народните инструменти.
(20.08.2009)