Победници од еко натпреварот „Земјена Уметност“

ImageОсновното  училиште Рајко Жинзифов од Горно Оризари, Велес учествуваше на натпреварот „Land Art“. Делото „Земјен часовник“, изработено од учениците од трето одделение по предметот „Запознавање на околината“, под раководство на наставничката Лила Арсова го освои високото трето место. Глобалното климатко движење 350.org и асоцијацијата Messzelato оганизираа натпревар за учениците од централна и источна Европа на тема земјена уметност и климатска заштита. Илјадници ученици и наставници го посветија своето време и ресурси за учество во овој натпревар....

Првонаградените дела се:

1 место „Без Земја“ - Русија
2 место „Огнена магија од вода“ - Унгарија
3 место „Земјен часовник“ - Македонија

Одговорниот наставник заедно со 5 ученици,  учесници во проектот,  ќе учествуваат во еднонеделен еко-камп во Унгарија.

Повеќе информации и слики на следниот линк: www.flickr.com/photos/350org/sets/72157619854665581/

Image