Заврши турнирот во мал фудбал за пионери и кадети „Дворови 2009“
Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Велес, во организација на Сојузот на спортови, како дел од Програмата за активностите во областа на спорт и млади на Општина Велес за 2009 година, во реализација на Урбаната заедница „Дворови“, заврши турнирот во мал фудбал за пионери и кадети.
На финалните натпревари кои во саботата се одиграа пред окиолу 500 гледачи, постигнати се следните резултати:
Во натпреварот за третото место, екипата на Интерградба во многу квалитетен и пред се неизвесен и полн со пресврт натпревар, дури во продолжението од 2 пати по 5 минути ја победи екипата на Месарница Максим со резултат од 4:3 и го освои третото место.
Во финалниот натпревар се сретнаа екипите на Црна река и Гео биро. Полесно од колку што се очекуваше, екипата на Црна река победи со 8:3 и со тоа го освои првото место на турнирот.
За најдобар голман беше порогласен Панов Далибор од екипата на Месарница Максим, додека најдобар играч на турнирот е Игор Леовски од екипата на Црна река.
На најдобрите екипи и поединци, претставници на Опшштина Велес, Претседателот на Советот Славчо Чадиев, Советникот Петре Саздов и Трајче Ковачев им доделија награди во вид на спортска опрема, пехари и медаљи.
Во одлична организација судии на турнирот беа Решад Јашаров и Дарко Дојчинов.
24.08.2009
Велес
Т.К