Министерот за земјоделство во Велес

ImageВо рамките на работната посета во Велес, Љупчо Димовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство оствари средба со градоначалникот Горан Петров на која беа разменети мислења за актуелните состојби и плановите за развој на земједолството во Велес и велешко. Министерот Димовски оствари средба и со претставници на здруженијата на земјоделци кои ги изложија проблемите со кои се соочуваат. Земјоделците побараа од министерот решавање на состојбите со ниската откупна цена на лебното жито, ослободување од плаќање на концесии за земјиштето и поддршка во технички ресурси за претстојната есенска сеидба.


Со став дека државата нема надлежност во утврдувањето на откупната цена на пченицата, Димовски најави дека ќе се продолжи со спроведување на мерките на Владата за поголема контрола на увозот на жито и брашно како заштита на домашните производители. Во рамките на престојот Димов го посети и хидросистемот „Лисиче“ и ја најави финализацијата на цевководот кој треба да обезбеди полнење на акумулацијата „Младост“ и наводнување на  4200 хектари земјоделско земјиште.