Спортски вести – „Превалец 2009“

ImageВо чест на празникот Голема Богородица, на фудбалското игралиште во Превалец, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Велес во деновите 27 и 28 август, во организација на месната заедница, се одржа седмиот по ред фудбалски турнир за млади категории „Превалец 2009“. На турнирот учествуваа 4 младински екипи од Велес во официјална конкуренција и две фудбалски школи во категоријата „петлиња“.

Заслужено првото место го освои екипата на „Интерградба“ која во финалето ја победи екипата на „Гемиџии“. На трето место се пласира екипата на „Превалец“ со победата над екипата на „Бирлик“ по изведувањето на пенали.

ImageImage

За најдобар голман беше прогласен Сердал Мамудов од екипата на „Бирлик“, најдобар голгетер е Најдовски Митко од екипата на „Интерградба“, а  најдобар фудбалер на турнирот е Алиев Јалчин од екипата на „Бирлик“.

ImageImage

На најдобрите екипи и поединци од страна на Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров им беа доделени награди во вид на пехари, медаљи и дипломи.


30.08.2009
Велес
Т.К.