Општина Велес дел од манифестацијата „Кратовски културен бран“

ImageВо организација на Општина Кратово, а во чест на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите 28-ми Септември, беше реализирана манифестацијата „Кратовски културен бран“. Оваа манифестација всушност претставуваше и заокружување на проектот на Кралството Холандија за поддршка на културата во 2007 и 2008 година на пет општини од Македонија меѓу кои и Општина Велес.

 

ImageImage 

Во оваа пригода Општина Велес се претстави со ансамблот „Велека чалгија“, музичката група „Виртус“ и естрадниот уметник Милан Бошков – Павароти. Судејќи по аплаузот на присутните, настапот на велешките уметници беше со задоволство прифатен. Манифестацијата ја поздрави Н.Е. Симоне Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија и градоначалникот на Општина Кратово.При посетата на Кратово гостите имаа прилика да се запознаат со историјата и традицијата на овој древен македонски град.

ImageImage