Богата културна програма во чест на 8-ми септември

Image 

По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, Општина Велес организира културни настани за сите генерации. Програмата за одбележување на празникот, на прес конференција ја соопшти градоначалникот Горан Петров. Настапот на сите велешки музички групи, луѓето кои оставија траен белег во македонската музика, предавањето во употреба на уреденото детско катче во градскиот парк, претстава за деца и настапот на големиот гитарист Венко Серафимовски и гостите од САД , Ари Роланд квартет се дел од програмата на централните манифестации што ќе се организираат во Велес, во вторник, 8-ми септември.

По повод одбележувањето на 18 години независност на Република Македонија, од 10-ти до 14 септември во Велес ќе се одржи Недела на македонскиот филм.Култните македонски филмски остварувања ќе се прикажуваат во Младинскиот парк. „Ги повикувам сите граѓани на Велес да дојдат заеднички да ја прославиме 18 годишнината од независноста на Република Македонија“ кој им го честиташе празникот на граѓаните.
Манифестацииите по повод 8-ми септември ќе се одвиваат според следната

ПРОГРАМА
За одбележување на 8-ми септември

10:30 часот - Положување на цвеќе на Спомен-костурницата
11:00 часот - Свечено предавање во употреба  на уреденото детско катче во Градскиот парк и изведба на претставата за деца „Штурецот, штурчето и мравката“
19:30 часот -Празничен спектакл во амфитеатарот во   Младинскиот парк:

Настапуваат:
- Ари Роланд квартет од Соединетите американски држави
- Виртуозот на гитара Венко Серафимов со Блузфејкес бенд.
- Велешките легенди, членови на групите „Триумфи“, „Лебеди“, „Кактус“, „Астор“, „Негрос“, „Ла Манш“, „Трио Сомбреро“ и актуелните групи „Соната“ и „Виртус“

Одбележувањето на празникот ќе продолжи во периодот од 10-14 септември, во амфитеатарот на Младински парк каде во соработка со Кинотека на Македонија ќе се реализира „Недела на македонскиот филм“.

(04.09.2009)