ОДРЖАНИ МЕМОРИЈАЛНИ СПОРТСКИ ТУРНИРИ
Изминатиот викенд во Велес беа одржани два меморијални спортски турнири, содржани во Програмата за спорт и млади на Општина Велес. Во саботата и неделата се одржа IV по ред меморијален турнир во ракомет „Ѓорѓи Гајдов“. Во организација на ракометниот клуб „Борец“ на турнирот учествуваа ракометните екипи на „Тинекс Пролет“ од Скопје, „Златен даб“ од Прилеп, ВВ „Тиквеш“ од Кавадарци и домашниот „Борец“. Турнирот го отвори Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров, а покрај најблиските од семејството на Гајдов, присуствуваа и граѓани, симпатизери на ракометниот спорт.
По дводневни борби, со победата против „Тинекс Пролет“ од 32:27, победник на турнирот е екипата на ВВ „Тиквеш“, третото место го освои „Борец“ а на четврто се пласира „Златен даб“.
Во неделата се одржа и Вториот меморијален турнир во кошарка „Тони Виларов“. Овој турнир беше во организација на Кошаркарскиот клуб „Велес 2000“. Учество зедоа кошаркарските школи „Јуниор“ и „Ангели“ од Велес, „Овче Поле“ од Свети Николе и „Тиквеш“ од Кавадарци. Ревијален натпревар одиграа и ветераните на Кошаркарскиот клуб „Жито Вардар“ од Велес и „Тиквеш“ од Кавадарци.
Победник на турнирот беше екипата на Кошаркарската школа „Јуниор“ од Велес. На сите учесници им беа поделени благодарници и спортска опрема.
(07.09.2009)
Т.К.