“Авторски низ појавното” - 3
На 11 септември, Петок во 20.00 часот, во куќата на Касапови ќе биде претставен пректот “Авторски низ појавното” 3 – Уметничко делување во природа, Ораов Дол-планина Кадиица, велешко 2008 година. Континуитет на првиот настан реализиран на истата локација, во 2004 г. и вториот, реализиран 2005 г. како викенд престој во манастирот св. арх. Михаил, во Теово, велешко, сите во организација на Народен Музеј Велес. Со што проектот има своја континирана и профилирана форма на делување во просторот на Македската култура.
Обидот да се дефинира и именува десетдневно престојување на група уметници на планина, нужно нè води кон искуствата на ликовните колонии, но “Авторски низ појавното” во, така именувано (по подолги дискусии крај огништето на Кадиица) и определено како уметничко делување во природа, произлегува од идејата да се престојува (домува) во природа, без определена обврска да се создава уметност, што всушност го акцентира самото престојување и очекуваните случувања како доволно уметност по себе. Всушност тоа и нее класична “ликовна колонија”, затоа што во себе вклучува и други профили на културни работници, кој својот соодветен аспект го афирмираат во рамките на манифестацијата.
Обидот да се претстави проектот во форма на изложба ги опфаќа аспектите на авторското делувањето надвор од групата, што по себе е доволно индивидуално и насочено кон она што го носи со себе соодветно на неговата позадина. Со што ги опфаќа двата аспекти на делување и тоа соодветниот авторски и специфичниот групен однос во рамките на манифестацијата. Ова взаемно го надополнува и карактерот на манифестацијата кој е во директна релација со местото и просторот на случувањето, природата околу и односот кон истата.
Манифестацијата е биенална што значи претставувањето на истата е секоја следна година, наспрема самиот престој во планината, година пред претставување на настанот.
Учесници во “Авторски низ појавното 3”, се:
- Александар Ивановски – теолог
- Алек Букарски – книжевник и блогер
- Љубомир Милошевски – ликовен уметник
- ОПА, Стевчевска Слободанка и Сарагиновски Денис – ликовни уметници
- Станко Павлески – ликовен уметник
- Спасе Перовски – ликовен уметник
- Давор Тоциновски – ликовен уметник
Срдечно, ве покануваме вас и македонска јавност на претставувањето на проектот во наведениот простор и време.
Директор
Спасе Перовски
(09.09.2009)