Во Велес згрижен уште еден бездомник
Продолжуваат активностите за згрижување на
бездомниците од Велес кои до крајот на зимата можат да престојуваат во
Домот за бездомници во Катланово.
Според информациите од Центарот за социјални
работи, денеска е згрижено уште едно лице-бездомник кое е пренесено во
Катланово. Од вкупно 12 регистрирани бездомни лица во Велес засега оваа
можност за згрижување ја прифатија две лица.
Инаку акцијата во корелација со Министерството за труд и социјална политика се одвива во повеќе градови во Македонија.
Општина Велес и понатаму апелира до сите граѓани кои ќе забележат бездомници да се јават до Центарот за социјални работи или Секторот за внатрешни работи во Велес со цел бездомниците да бидат заштитени од ниските температури и соодветно згрижени.